Мрежа

На оваа страница ќе дознаете повеќе за мрежата, зошто треба да ѝ се придружите и како да го направите тоа! Мрежата H4U е одличен начин да останеме во контакт!

Придобивки од членување во мрежата

Мрежата H4U е создадена за да поттикне натамошен развој на целите на проектот помеѓу организациите и клубовите посветени на истите идеи.

Поврзете се со луѓе со слични вредности

Преку мрежата ќе запознаете многубројни луѓе фокусирани на исти цели. Со тоа што ќе им помогнете или ќе добиете помош, ќе создадете силна заедница за поддршка преку која сите ќе можеме да растеме!

Поддржете ги меѓугенерацискиот дијалог и здравите начини на живот

Ќе го поддржите меѓугенерацискиот дијалог и ќе го подобрите здравјето на заедницата со тоа што ќе обезбедите резултатите од проектот да допрат до повеќе луѓе преку иновативни активности за планинарење.

Станете препознатливи

Како член на нашата мрежа, повеќе луѓе, организации и клубови ќе го препознаат квалитетот на вашата работа! Не само што вашата организација или клуб ќе биде повидлив – ќе привлече повеќе членови и потенцијални донатори!

Учете со другите

Преку мрежата можете да научите од искуствата на другите и да ги подобрите вашите методологии и пристапи. Со мрежата ќе можете да подобрите многу полиња од вашата работа и да станете многу поефикасни.

Приклучи се на мрежата!

Кликнете на копчето подолу и направете го вашиот прв чекор за да станете член на нашата мрежа!