Методологиите претставуваат детален план на активноста и редоследот на настаните во неа. Методологијата ги содржи сите потребни информации за правилно спроведување на активностите. Методологијата не е кодекс што треба слепо да се следи, туку е насока, поддршка и помош во извршувањето на активностите. Во реализацијата на активноста се препорачува слобода и креативност, додека не се губат главните истражувачки и едукативни цели на активноста.

Ве покануваме да ги истражите овие иновативни техники на „Планинарење за спознавање“, да ги прилагодите на вашиот локален контекст и да уживате во можноста да соберете различни генерации заедно за да истражуваат и да ги решаваат критичните социјални проблеми додека планинарите.