Игра 1: Чувари на патеката

Basic Information

Возрасна граница: 6-15 години (млади), 50-70 години (стари)

Број на играчи: 2-8 играчи во тимови

Времетраење: 1-2 часа (зависи од должината на патеката)

Потребни материјали

  • Печатена мапа на патеката со означени контролни точки (маркери, ленти или знаци)
  • Картички со задачи (поделени пред да се почне со движење по патеката или дадени на контролните пунктови)
  • Тетратка и пенкало за секој тим (или телефон за фотографии)
  • Мала торба за собирање предмети

Како да се игра

Започнување на играта:

  • Учесниците се делат во тимови (3-5 члена)
  • Секој тим си обезбедува мапа и тетратка
  • Правилата мора да се јасни:
  • Следи го патот
  • Заврши задачи на секоја контролна точка за да заработиш поени
  • Документирај ги наодите/одговорите во бележник

На патеката:

  • Секоја контролна точка има задача. Тимовите мора да застанат, да ја прочитаат картичката со задача и да го завршат предизвикот.
  • Тимовите добиваат поени за секоја успешно завршена задача.

Победа во играта:

  • На крајот од планинарењето, учесниците ги бројат поените
  • Тимот со најмногу поени победува

Задачи:

1: Лисни детективи

  • Задача: Собирање на 3 различни листа. Идентификување на дрвените видови со помош на книга водич или со помош на картичките
  • Лекција: Се учи за идентификација на дрвјата и биодиверзитетот
  • Поени:
  • 3 поени за секоја точна идентификација
  • 5 бонус-поени за идентификување ретко дрво (даб, јавор)

2: Истражувач на животни

  • Задача: Пребарување и документирање на сите животински траги што ќе се најдат. Трагата да се нацрта во тетратката или да се фотографира
  • Лекција: Ја зголемува свеста за живеалиштата на дивите животни
  • Поени:
  • 5 поени за секој уникатен животински отпечаток (трага)
  • 3 бонус-поени за објаснување од кое животно е трагата што ја гледаме

3: Патрола за отпадоци

  • Задача: Собирајте го отпадот што е на патот. Поделба на отпад што се рециклира и отпад што не се рециклира
  • Лекција Промовира управување со животната средина и рециклирање
  • Поени:
  • 2 поени по парче отпад (до 10 парчиња)
  • 5 бонус поени за точно сортирање

4: Звучниот оркестар на природата

  • Задача: Седи тивко 2 минути и наведи 5 звуци што ги слушаш (птици, ветер, вода)
  • Лекција: Ги подобрува свесноста и вредноста за значењето на природата
  • Поени:
  • 2 поени за секој уникатен звук

5: Инклузивни приказни

  • Задача: Сподели некаков спомен или приказна поврзана со природата која те научила на нешто вредно
  • Лекција: Ги поттикнува меѓугенерациското поврзување и инклузивноста
  • Поени:
  • 10 поени за секоја споделена приказна
  • 5 бонус-поени за креативност

6: Еколошки завет

  • Задача: Како тим, создадете завет со три ветувања за заштита на животната средина
  • Лекција: Ја поттикнува посветеноста кон одржлив начин на живот
  • Поени:
  • 10 поени за ветување
  • 5 бонус-поени за специфични акции (на пример, користете повторно употребливи шишиња за вода)

Правила:

  1. Движете се постојано и само по патеката
  2. Задачите мора да се завршат тимски
  3. Почитувајте ја природата – не корнете растенија или не вознемирувајте ги непотребно дивите животни

Додатоци за млади

  • Користете налепници (стикери) како награда за завршување на задачите
  • Додадете забавни, смешни предизвици на контролните пунктови (на пример, наведете го тимот да пее песна за дрвјата)

Најважни работи:

По имплементацијата, започнете разговор со учесниците за искуството што го имаат. Размислете со нив кои биле највредните поуки за нив.

Прашања за разговор:

  1. Како ти се чинеше играта?
  2. Дали правилата на играта беа јасни и едноставни?
  3. Како оваа активност го поттикнува вашето сфаќање на животната средина?
  4. Можете ли да наведете некои нови видови дрвја што ги научивте по оваа активност?
  5. Кои се спецификите на живеалиштата на диви животни? Дали успеа да најдеш трага од животно?
  6. Што научи за рециклирањето и за екологијата?
  7. Дали успеа да соработуваш со другите членови на тимот?
  8. Дали успехот/неуспехот е резултат на тимската работа?
  9. Што научивте од помладите/постарите членови на тимот?
  10. Дали ти беше забавно по пат?

Ресурси:

Што е набљудување на дрвјата: https://en.wikipedia.org/wiki/Leaf_peeping

Како да прочитате топографска мапа за пешачење: https://www.backroads.com/pro-tips/hiking/how-to-read-a-topographic-map-for-hiking

Како да се идентификуваат дрвјата: https://www.woodlandtrust.org.uk/trees-woods-and-wildlife/british-trees/how-to-identify-trees/-

Како да се идентификуваат стапките на животните: https://www.backpacker.com/skills/how-to-recognize-and-identify-animal-tracks-on-the-trail/

Не оставајте траги додека пешачите: https://www.youtube.com/watch?v=2F7LYkz8J74