За нас
Добре дојдовте на страницата на која можете да дознаете повеќе за проектот и која е нашата цел!
Научете и изградете ги вашите капацитети преку физичка активност
Додека се занимавате со физичка активност, H4U ви овозможува да дознаете повеќе за себе, другите и околината. Менталното и физичкото здравје се бесценети подароци што ви ги нуди овој проект!
Искачете се на врвот и остварете ги вашите амбиции!
H4U ви овозможува да ги отворите очите и да се фокусирате повеќе на вашите цели и амбиции, давајќи ви мотив да се стремите кон повеќе!
Зајакнете ги меѓугенерацискиот дијалог и разбирањето
Проектот H4U е замислен да го поддржи дијалогот меѓу генерациите со вклучување луѓе од сите возрасти во забавни и физички активности засновани на планинарење.
Нашиот проект
Проектот Hiking4Understanding е проект поддржан од Европската Унија, кој обедини екокампови, младински организации, спортски клубови и ентузијасти од три различни земји со цел да се поттикнат меѓугенерациски дијалог и меѓусебното разбирање низ Европа преку развивање иновативни едукативни програми и активности засновани на планинарење. Овие програми се фокусираат на промовирање на заштитата на животната средина и социјалната вклученост преку организирање широк спектар дигитални, лице в лице активности, како и содржини преку кои членовите на планинарските клубови и младинските работници можат да ја подобрат својата работа на полето на разнолико учење.

Нашата мисија
Нашата цел е да ги инспирираме поединците од сите возрасти да ги интегрираат нашите игри во нивните секојдневни рутини, да ја подобрат физичката активност, да промовираме врски меѓу генерациите и да ја подигнеме свеста за критичните општествени предизвици.

Нашата визија
Нашата визија е да ги популаризираме спортот и физичката активност како алатки за поттикнување на меѓугенерациското разбирање и дијалог, како и учењето да го направиме да биде привлечно и забавно. Преку планинарењето сакаме да постигнеме активна и меѓусебно поврзана заедница која е подготвена постојано да се подобрува.